Вести Најважни Свет

Бајден: Путин е во ќош, планира сајбер напади врз САД и биолошко оружје врз Украина

Населението да се подготви за неселективно руско гранатирање на цивилните објекти. Украинската армија утринава со најново предупредување до украинскиот народ – се очекува руските сили да користат оружје со висока прецизност за да ги уништат опколените градови.

Се претпоставува дека руските сили го губат офанзивниот потенцијал и се принудени да повикаат засилување. Украина тврди дека само во вчерашните борби убиле 300 руски војници.

Американскиот претседател Бајден, рече дека Путин е притиснат до ѕид, и затоа е приморан да ја смени тактиката. Разузнавачките инфрмации на Бајден се дека следно што Путин може да употреби против Украина е хемиско и биолошко оружје.

„Тој веќе користел хемиско оружје во минатото, и треба да бидеме внимателни за тоа што ќе дојде. Тој знае дека ќе има тешки последици поради обединетиот фронт на НАТО, но поентата е дека тоа е реално“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Русија се подготвува и за сајбер напади врз САД, предупредува Бајден. Капациетот што го поседува Русија за сајбер напади не е за потценување вели и нивната моќ е многу софистицирана. Затоа следно на дневен ред во тетратката на Путин се токму злобните сајбер активности, вели Бајден.

„Мојата администрација издаде нови предупредувања дека врз основа на разузнавачките податоци кои се развиваат, Русија можеби планира сајбер напад против нас. Како што реков, големината на сајбер капацитетот на Русија е прилично значајна, и таа доаѓа. Владата го прави својот дел за да се подготви“, додаде Бајден.

Русија веќе искористи хиперсонична ракета во напад врз украински цели. Според руското министерство за одбрана, ракетата Кинжал има  има дострел од 2.000 километри и лета со брзина десет пати поголема од брзината на звукот.

Британија: Нашиот министер разговарал со лажниот премиер на Украина, тоа е руска финта

И покрај тоа што Украинската армија тврди дека ја забавила предноста на непријателот, сепак руската страна покажа дека го зголемиле авијациското присуство на терен. Претседателот Зеленски, повторно повика на директни преговори со Путин. Вели дека војната нема да сопре се додека тие двајцата не се сретнат. Подготвен е на компромиси, но за донбаскиот регион ќе остави народот да одлучи.

„Им објаснив на нашите групи кои учествуваат во разговорите дека кога разговараат за промени кои можат да бидат историски, не можеме да ги избегнеме и ќе излеземе на референдум. Луѓето ќе треба да кажат и да дадат одговор на оваа или онаа форма на компромис што ја спомнавте“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

На терен, битката за Мариупол достигнува кулминација. Бомбардирањата се на секои десет минути. Градот е срамнет со земја, внатре останаа лушето кои немаат можност и пари да избегаат. Украинската војска не го предава градот.

Колку подолго издржат, нивната супериорност се зголемува. Иако градот веќе речиси и да не постои, сепак целта е битката да остане тука и да не се прошири на околните приморски места, како Одеса.

Но, на пристаништето во овој град на Црното Море веќе е забележано зголемено присуство на руската војска. Украина тврди дека вчерашните бомби Русија ги лансирала токму од Одеса, затоа што војската е спречена да напредува од копно.

За Москва останува приоритет заземањето на Киев. Но, тука украинскиот отпор е сериозен, па обидот да се освои престолнината за Москва би било „самоубиство“ смета првиот советник на Зеленски.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Г7 ветија продолжување на поддршката за Украина и побараа прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Земјоделците да се информираат за заедничката земјоделска политика на ЕУ, порачуваат експертите

Дејан Дејан

САД ѝ се заблагодари на Македонија за достигнатите 2% БДП за одбраната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе