Вести Свет

Словенија ги враќа дипломатите во Киев

Словенскиот премиер Јанез Јанша во неделата вечерта најави дека Словенија наскоро ќе ги врати дипломатите во Киев.

Ова синоќа го објави Јанша на Твитер. Во соопштението напиша дека се работи за луѓе кои доброволно одат.

„Работиме да ја натераме ЕУ да го направи истото. На Украина и треба директна дипломатска поддршка“, напиша тој.

 

Повеќето дипломати се повлекоа од Киев, а најголем дел од нив отидоа во Лавов на западот на земјата. Хрватската амбасадорка Аница Ѓамиќ беше една од последните амбасадори на ЕУ кои останаа во Киев. Денеска и таа е во Лавов.

Јанша минатата недела го посети Киев во друштво на полскиот и чешкиот премиер и се сретна со Зеленски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мечка нападна маж кој собирал печурки во ресенско Курбиново

Kristina Kuzmanovski

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Турција прави мрежа од специјализирани клиники за одвикнување на младите од пушење

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе