Вести Свет

Има промена во преговорите, тврди украинскиот преговарач Подољак

По 26 дена војна, има одредени промени во мировните преговори, изјави украинскиот преговарач Михаил Подољак за Би-Би-Си. 

„Отпорот на Украина ја принуди Русија поадекватно да ја процени реалноста на ситуацијата. Тоа помогна да се поттикне некој вид дијалог“, рече тој за Би-Би-Си.

Но, секоја одлука за мировен договор ќе биде донесена меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин, додаде тој.

Подољак вели дека нема договорен датум кога би можел да се одржи нивниот состанок.

Иако одбива да даде детали за преговорите, Подољак јасно става до знаење дека Киев нема да направи никаков компромис за територијалниот интегритет или суверенитет на Украина.

Советникот на Зеленски ја повтори фрустрацијата на Киев поради одбивањето на НАТО да воведе зона на забранети летови во Украина.

„Тие не ни го затвораат небото, туку стојат настрана.  Во време кога 10 милиони луѓе бараат место за живеење, а три милиони веќе ја напуштиле земјата. Ова е хуманитарна катастрофа во Европа“, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе