Министерството за одбрана на Обединетото Кралство денеска објави нова проценка на британското воено разузнавање, во која забележуваат дека Русите ќе се фокусираат на опкружувањето на Киев во наредните недели.
„И покрај континуираниот недостаток на напредок, Киев останува примарна воена цел, а Русите ќе се обидат да го опколат градот во следните недели како приоритет“, се вели во оценката.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 21 March 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/o31FnBRw3w
🇺🇦 #StandWithUkraine pic.twitter.com/reAkTEnHFj
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 21, 2022
Руските сили кои напредуваат кон Киев од североисток стојат во место, а повеќето сили се наоѓаат на повеќе од 25 километри од центарот на градот, според новата проценка на британското воено разузнавање.
„Северно од Киев се водат тешки битки“, соопшти британското Министерство за одбрана.
„Силите кои напредуваа од Хостомел кон северозапад се одбиени од жестокиот украински отпор“, се вели во проценката.
