Вести Македонија Топ вести

Полицајците и наставниците излегоа на улица – среде криза, ниската плата не им стигнува за ништо

Полицајците ја оставија униформата и опремата и здружено со наставниците излегоа на улица.

Саботното попладне го поминаа пред портите на Владата – за да допрат до оние со кои речиси и да не се сретнале и покрај многуте барања за средба.

Независните синдикати се радикализираат заради паднатиот животен стандард среде криза кога платата на работниците не им стигнува за сè повисоките трошоци.

Барањата на независните синдикати се неколку, но главното е усогласување на платите во секторите образование и полиција со износот на минималната плата, согласно колективните договори.

Синдикална борба се води и за приватниот сектор. Во најава се и повеќе активности и собири на незадоволни работници на истото ова место.

Синдикалните претставници обвинија дека не им било дозволено да постават шатори пред Владата иако навремено доставиле барање за такво нешто.

Денес само се собраа, но за следниот пат порачаа дека ќе ги заобиколат сите процедури и нема да бараат дозвола туку без прашање ќе се стационираат на „Илинденска“ број 2.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе