Вести Свет Топ вести

Украина: Русија загуби 40 отсто од силите што ги испрати во Украина

Русија загуби до 40 отсто од војниците што ги испрати во Украина, соопшти рано утринава Генералштабот на украинската армија.

Тие руски војници или се целосно уништени или повеќе не се во можност да се борат, пишува во дневниот билтен на штабот, но без прецизни бројки. Информацијата не можеше да се потврди независно.

Во извештајот се наведува и дека Русија има проблеми со снабдувањето на своите војници со муниција и дека руското воено раководство одобрило предвремено испраќање кадети во борба против Украина.

Областа околу Мариупол, која е под опсада, се уште е во најтешка позиција. Руската армија се обидува да го блокира Мариупол од западниот и источниот дел на пристанишниот град, но претрпе „значителни загуби“, се наведува во билтенот.

Украинските власти соопштија дека околу 20.000 луѓе од Мариупол, на Азовското Море, во вторникот успеале да стигнат на безбедно.

Речиси 30.000 цивили ширум земјата успеаја да побегнат од погодените области во вторникот, но колоната со хуманитарна помош за Мариупол сè уште е блокирана од руските војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во областа Одеса, руски бродови го гранатираа украинскиот брег, но немаше обиди за симнување, изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Антон Герашченко.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

На кејот на Вардар поставен кондом висок над два метри со цел подигање на свеста за заштита на личните податоци

Tea Dimkovska

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе