Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров зборуваше за мировните преговори меѓу Русија и Украина.
Тој рече дека преговорите не се лесни, но дека има надеж за компромис. „Се водам од оценките дадени од нашите преговарачи“, рече тој.
„Тие велат дека преговорите не се лесни од очигледни причини. Но, сепак, постои одредена надеж за постигнување компромис“, рече Лавров во интервју за РБЦ.
Тој вели дека проблемите не се само за „неутралноста и демилитаризацијата на Украина“, туку и за безбедноста на луѓето во источна Украина, каде што регионите Доњецк и Луганск се под контрола на бунтовниците.
