Македонија собира хуманитарна помош за Украина. Од Црвениот крст велат дека приоритет се храната, хигиенските производи, водата и облека.
Во акцијата се вклучија и сите 4 стопански комори кои преку компаниите организираат помош.
Граѓаните пак уплаќаат средства преку телефонски донаторски повици или директно на сметката за помош и досега се собрани над 2,7 милиони денари.
Во Македонија се пристигнати 51 украинец регистрирани во Црвениот крст.
За досегашната помош од македонските граѓани и институции се заблагодари и украинската амбасадорка во Скопје, која вели дека како дипломат се надева на брзи преговори кои досега се одвиваат на ниво на разговори меѓу двете страни. А во Украина и натаму има борби и напади на сите страни.
