Вести Економија

Филков: Институции набавувале велосипеди по илјадници евра

Во државава има институции што купувале многу скапи велосипеди, по илјадници евра, но тоа е дополнително истражување што ќе го правиме, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации кои со години прават истражувања за јавните набавки на возила. Вели дека треба да се направи некаква класификација со класи на возила во релација со одговорноста на функцијата.

Не може градоначалник да вози возило од 50.000 евра. Никој не може да ме убеди дека му треба такво возило на градоначалник. Ние со години ги правием овие анализи и секој следна набавка, двогодишна, е поголема од претходната. Сега за короната не беше така, но повторно гледаме дека за 40 проценти се поскапи, вели Филков.

Претседателката на антикорупциската комисија пак посочи дека има многу запленети возила кои скапуваат и не се користат.

Може и тие да се употребат, дали на некому му е под чест да се вози во такво возило, тоа е друга работа. Мора да се биде порационален, сите тие средства можат да бидат пренасочени во јавниот сообраќај, во инфраструктура во државата, за да можеме во оваа мала држава од едниот крај до другиот да стигнеме брзо со јавен сообраќај. Да се овозможи сите граѓани да ги почуствуваат благодетите од тие средства преку јавниот сообраќај, вели Ивановска.

Филков потсети дека иако поранешниот премиер Зоран Заев во јули минатата година ветил дека инситуциите и владата ќе купуваат само хиубридни возикла, до сега само неколку такви биле набавени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе