Вести Свет

Украина: Го убивме четвртиот руски генерал

Украински официјални лица тврдат дека нивната војска го убила четвртиот руски генерал. Тоа е знак, велат тие, дека руската армија е принудена да испраќа генерали на линијата на фронтот за да спроведуваат операции.

Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, во телеграма рече дека украинските сили го убиле рускиот генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби во предградието на југоисточниот град Мариупол.

Би-би-си пишува дека не успеале да ја потврдат оваа информација, а од Москва засега нема информации.

Герашченко напиша дека Митјаев бил командант на 150-та моторизирана дивизија и објави фотографија од, како што рече, мртов офицер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, јави за смртта на уште еден руски генерал за време на неговото ноќно обраќање од Киев, но не го именуваше.

Се верува дека Русија има околу 20 генерали-мајорови во Украина кои ја предводат инвазијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Kristina Kuzmanovski

Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици во снабдувањето

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 18.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе