Рускиот амбасадор во БиХ Игор Калабухов рече дека земјата има право да одлучи дали да се приклучи на НАТО, но предупреди дека Москва исто така го задржува правото да одговори на таквата можност во согласност со нејзините интереси.
„Ако таа (БиХ) одлучи да биде членка на било што, тоа е внатрешно прашање. Но, друга работа е нашата реакција. На примерот на Украина, покажавме што очекуваме. Доколку има закани, ќе реагираме“, изјави Калабухов за Федерацијата ТВ БиХ (ФТВ).
„Немаме планови“
Сепак, тој тврдеше дека токму Западот претставувал закана за безбедноста на БиХ преку тврдењата дека Русија наводно подготвувала план.
„Немаме планови. Ќе реагираме со анализа на стратешката и геополитичката ситуација“, рече рускиот амбасадор, додавајќи дека членството на БиХ во НАТО сега е во доменот на фантазијата бидејќи во земјата нема консензус и тоа нема да се случи.
Тој алудираше на одлучното одбивање на официјалните претставници на босанските Срби, предводени од Милорад Додик, да дозволат какви било понатамошни чекори што ќе доведат до полноправно членство на БиХ во НАТО.
Тој вели дека Русите не водат војна
Рускиот амбасадор ги отфрли тврдењата дека неговата земја, со помош на Додик, кој силно се залага за сојуз со Москва, ја дестабилизира БиХ, опишувајќи го како лага и глупост. Тој тврди дека неговата земја не води војна, туку всушност е во некаква мировна мисија бидејќи ги ослободува Украинците од нацистичката закана.
„Ние не сме во војна со Украина. Војната е официјално објавена. Дипломатот оди во Москва, во Министерството за надворешни работи на Русија, носи нота и вели: „Еве, владата на Украина одлучи да ви објави војна. Тоа е војна. За нас ова е специјална воена операција“, рече Калабухов.
