Додека траат борбите во Украина здравствените служби во земјата се обидуваат да се справат со уште една битка – тековната пандемија COVID-19. Во Регионалната клиничка инфективна болница во Харков, која беше водечка установа за лекување на пациенти со СОВИД-19 во градот и регионот во текот на пандемијата, здравствените работници продолжуваат да лекуваат пациенти. Директорот на болницата, д-р Павел Нартов, објаснува дека кога ќе се огласат сирените за воздушни напади, а тоа се случува повеќепати на ден тие се принудени болните итно да ги пренесат во импровизираното засолниште за бомби. Нартов објаснува дека е најжок и најопасен дел од евакуацијата се пациентите кои се на кислородна поддршка. Прозорците се забарикадирани, но од безбедносни причини за да не се открива локацијата болницата не снимена од надвор.
„Како што можете да видите, прозорците се затворени. Бомбардирањето се случува од утро до ноќ. Фала му на Бога, бомба сè уште не ја погоди нашата болница. Но, таа може да биде погоди во секое време“, вели Павел Нартов, директор на Клиничка за инфективни болести во Харков.
„Ние слегуваме овде неколку пати дневно. Ова најчесто се случува ноќе, но кога ќе се огласат сирените за воздушен напад и ќе слушнеме бомбардирање, ние исто така слегуваме овде преку ден“, додава Наратов.
Поради војната која се води позади болничките ѕидови, малуброен е медицинскиот персонал, а непремостливи се проблемите со транспортот на пациентите.
„Има многу персонал кој не може да работи од регионот, па затоа се обидуваме да се задоволиме со персоналот што го имаме“, вели Делар Гарбуз, директор на оддел.
Заедно со Киев, источниот град Харков беше епицентар на инфекции за време на пандемијата. Во средината февруари дневните бројки на ковид случаи во Украина достигнаа рекордно ниво од околу 40.000 заболени. Поради војната бројот на пријавени случаи опаѓа, но СЗО јавува дека за првпат по јануари забележан е пораст на заболените во текот на изминатат недела. Oд 7 до 13 март, евидентирани се над 11 милиони нови случаи и 43.000 смртни случаи од коронавирус.
Билјана Ставрова
