Вести Свет

Зеленски: Веќе три недели во Украина секоја ноќ е како 11 септември

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето обраќање пред американскиот Конгрес, го спореди ужасот од руската војна во неговата земја со Перл Харбор и нападите од 11 септември.

Ова е терор што Европа не го видела, не го видела 80 години, рече Зеленски.

Зеленски му се обрати на американскиот претседател Џо Бајден дека да се биде лидер на слободниот свет значи и да се биде „лидер на мирот“.

Во обраќање до американскиот Конгрес, апелирајќи за поголема воена помош за борба против руската инвазија, Зеленски рече дека оваа војна не е само за неговата земја, туку за „вредностите на Европа и светот“.

Му се обраќам на претседателот Бајден. Вие сте лидер на нацијата, на вашата голема нација. Ви посакувам да бидете лидер на светот. Да се биде лидер на светот значи да се биде лидер на мирот. Се сеќавата на Перл Харбор, страшното утро на 7 декември 1941 година, кога вашето небо беше црно од авионите што ве напаѓаа. Се сеќавате на 11 септември, ужасен ден во 2001 година кога злото се обиде да ги претвори вашите градови, независни територии, на боишта, рече Зеленски, порачувајќи „Нашата земја секојдневно го доживува истото“.

Зеленски во средата упати уште еден апел до САД и нивните сојузници да создадат зона за забранети летови за да ја заштитат неговата земја од руски воздушни напади.

Зборовите „Јас имам сон“, се познати на секој од вас денес, можам да кажам. Имам потреба, треба да го заштитам нашето небо. Ми треба вашата одлука, вашата помош. Дали е ова премногу да се побара, да се создаде зона за забранети летови над Украина, за да се спасат луѓето? Дали е ова премногу за да се бара, запраша Зеленски, за како што рече „Русија да не може да ги тероризира нашите слободни градови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2 по писмената верзија на пресудата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе