Вести Економија Најважни

Државните институции не штедат ни во криза – во изминатите две години купиле 142 нови возила за 3,6 милиони евра

Неизвесноста во кризни времиња не ги натера државните институции да штедат пари. Во изминатите две години поминати во криза, купени се 142 нови возила за 3,6 милиони евра. Најскапото возило чинело 47.000 евра. Ова се податоци од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Бројките се црпени од Електронскиот систем за јавни набавки или директно од базата на институциите.

Во истражувањето се опфатени само набавките на патнички возила и не се опфатени т.н. комерцијални возила, односно товарните, работните и возилата од технички карактер. Исто така, вклучени се само новите возила, а не и набавените половни возила, велат од центарот за граѓански комуникации.

Возилата од марката „Шкода“ биле најбарани од страна на државните институции. Интересно е што речиси половина или нешто повеќе од 40% од набавените возила се поскапи од 30 илјади евра. Според истражувањето, почнувајќи од март 2020 година кога во Македонија се регистрираа првите случаи на заразени со Корона, дури 42 државни институции си набавиле нови патнички возила. Најмногу набавки направила владината Служба за општи и заеднички работи или скратено СОЗР. Дотогаш возените возила „Пасат“ ги замениле со 45 нови возила „Шкода“.

Како и претходните години, така и во последните две, следен според број на набавени нови возила е Државниот пазарен инспекторат кој купил 11 „Цитроен Ц3“ и 10 „Фиат Типо“, или вкупно 21 ново возило. На трето место, со шест нови хибридни возила „Хјундаи Ајоник“ е Агенцијата за електронски комуникации, велат од центарот за граѓански комуникации.

Покрај марката „Шкода“ која им е омилена на функционерите, на второ место се возилата „Фиат“ со набавени 25 парчиња, а на трето место со 13 возила се наоѓа „Ситроен“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе