Вести Свет

ЕУ го договори четвртиот пакет санкции против Русија, еве ја листата

Утрово Европската Унија официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи замрзнување на имотот и забрана за патување на Роман Абрамович. Сите детали се очекува да бидат објавени подоцна денеска.

Санкциите вклучуваат:

  • Забрана за увоз на низа производи од челик
  • Забрана за нови инвестиции во енергетскиот сектор на Русија, со ограничени исклучоци за цивилната нуклеарна енергија и транспортот на одредени енергетски производи назад во ЕУ
  • Забрана за извоз на луксузни стоки (на пр. луксузни автомобили, накит) од ЕУ
  • Забрана за рејтинг на Русија и руските компании од агенциите за кредитен рејтинг на ЕУ и обезбедување услуги за рејтинг на руски клиенти, што би довело до дополнително губење на пристапот до финансиските пазари на ЕУ.

Забраната дојде по разговорите меѓу лидерите на ЕУ во Версај во четвртокот и петокот.

„Како што војната на претседателот Путин против украинскиот народ продолжува, продолжува нашата решеност да ја поддржиме Украина и да го осакатиме финансирањето на воената машина на Кремљ. Овој четврти пакет санкции е уште еден голем удар за економската и логистичка база на која Русија се потпира за да ја нападне Украина. Целта на санкциите е претседателот Путин да ја запре оваа нечовечка и бесмислена војна“, изјави Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Парализиран маж по три години повторно почувствува допир

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе