Вести Македонија

Завршува обврската за зимска опрема во возилата

Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска, информира Автомотосојузот на Македонија.

Задолжителното поседување зимска опрема беше во сила од 15 ноември лани.

АМСМ соопштува дека е се уште непрооден  регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман, на потегот од с. П’ клиште до село Герман, Општина Ранковце, блокиран од 10 месецов поради снежна покривка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе