Вести Македонија Топ вести

Антикорупциска истражува, ДУП-овите се прекројуваат, а инвеститорите си ги бранат интересите

Нешто повеќе од 430 денари за метар квадратен во строгиот центар на Скопје. Толку чини да се приватизира државно земјиште. Јавноста реагира, институциите немаат многу механизми за справување, а инвеститорите си ги бранат своите интереси. Во Антикорупциска веќе е отворен предмет за случајот со приватизацијата спроти „Нова Македонија“. Претседателката вели – да имаше јавно наддавање, граѓаните сами ќе си го купеа земјиштето.

„Имаме една држава чиишто институции не знаат да го одбранат нејзиниот имот. Прашувам која е целта на државата?! Дали е целта да распродаде сè по багателна цена? Внимавајте, по таа Уредба цената важи за цела Македонија. Исто е и во Дебар и во строгиот центар на Скопје и во било кој друг град. Треба да се ресетираме!“, вели Билјана Ивановска – Претседателка на ДКСК

Во ДКСК се истражуваа и други вакви случаи со атрактивно земјиште во центарот на Скопје, но засега институциите се инертни, нема казнивост, инспекциските служби некаде не ни излегле на терен, а прашање е и колку се спроведуваат донесените Решенија на инспекторите, коментира Ивановска. Во меѓувреме, градежниот инвеститор Етеми кој се најде прозван во јавноста вели дека во овој случај сè е чисто. Се повика на Уредбата која е од пред единаесет години.

Ние земјиштето сме го купиле со Уредбата што ден-денес е на сила. Не сум само јас, цело Скопје по таа приватизација купува, но единствено јас сум на тапет. Но, еве транспарентен сум – сите постапки коишто се во Град Скопје, по тој тарифник се продава односно се приватизира земјиште.“, изјави Фатмир Етеми – Инвеститор и сопственик на ЗСФ-КОМ

Што предвидува Деталниот урбанистички план за таа локација, одговори градоначалникот на Центар, Герасимовски. Во неговите канцеларии веќе пристигнало барање за спојување на две парцели и тоа дава појасна слика за објектот кој ќе се гради.

Во изминатиот месец февруари, до Општината е доставена Иницијатива за изработка на измена на Деталниот урбанистички план односно спојување на овие две парцели. Едната е со намена Б5, а другата А2, односно едната е домување, а другата е хотелски комплекс. Побарано е истите да се спојат во намена Б4 односно деловно-комерцијални дејности.“, вели  Горан Герасимовски – Градоначалник на Општина Центар

Според информациите, Министерство за финансии го продало државното земјиште, а министерот тврдеше дека за случајот дознал од медиумите. Од Финансии тврдат дека набрзо ќе се направи промена во Уредбата и ова ќе биде последен случај во кој по оваа цена е приватизирано земјиште, а промената ќе донесе и пореални цени.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе