Вести Македонија

Кирјас: Македонците не се антиевропски, сакаат само јасна порака од Европа

Претседателот на Либераланата интернационала, Емил Кирјас, во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма, упати критика за посетата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во Скопје, оценувајки дека во неговото обраќање изостанала јасната порака која македонската јавност ја очекува.

Очекував една добро подготвена посета која што ќе адресира прашања кои што се актуелни во Македонија, тука не е само прашањето за отварањето на пристапните преговори, туку кредибилитетот на ЕУ. Можеме да приметиме дека кај голем дел од македонските граѓани постои нервоза, постои огорченост, па дури и бес кај некои на социјалните мрежи. Говорам кај оние кои легитимно се искажуваат на социјалните мрежи, не говорам за ботовите. Постои една акумулирана негативна енергија затоа што ЕУ не испорачува, и затоа очекував дека посетата на Борел во Скопје ќе биде многу добро организиарана за да испрати пораки, рече Кирјас.

Според него важно е да им се истакне причината на македонските граѓани, зошто државата е против руската агресија во украина, а тоа е затоа што со руската агресија во прашање се доведува и македонскиот национален интерес.

Нашиот интерес дека нема менување на границите, нема поставување на прашања за идентитетот, нема поставување на прашања за посебноста на европските нации. Тука е борбата во Украина. Борбата за опстанок на украинската држава како посебна нација и покрај оспорувањето на големиот моќен сосед како Русија. Значи тоа е многу важно како порака за нас, особено во моменти кога европскиот процес ни е блокиран заради некои соседи кои што го оспоруваат нашиот идентитет, нашето право на постоење, па дури и нашата историска поставеност како држава, како нација или како идентитет. Ако сакаше таква порака да испрати Жозеп Борел со посетата на Скопје, претпоставувам тоа е во моментот најактуелно, тогаш требаше да го каже директно, баш со тие зборови, рече Кирјас.

Вели дека висок европски функционер како Борел може да си дозволи смела изјава, но не смее да си дозволи несмасна изјава.

Дипломатските советници можеа да му дадат совет како да го третира македонското јавно мислење. Македонците ниту се националисти, ниту се агресори, ниту се во суштина антиевропски, сакаат само јасна порака од Европа. Нашите граѓани бараат јасни одоговори од една страна дека она што го правиме го правиме за заштита на нашите вредности, тоа се вредностите на ЕУ, тоа се тие вредности кои што функционираат внатре во ЕУ, каде што се селат нашите граѓани, каде што сакаат да си ја видат својата иднина. Зошто? Затоа што веруваат во слободата на изразување, во слободата на говорот, во слободата самите да си го определуваат животот, сето тоа што е под ризик ставено со војната во Украина, вели Кирјас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе