Вести Македонија

400-тини грла добиток прават непроценливи штети врз имотот на жителите од 4 штипски села

Стотици  хектари со пченица, јачмен, лозови и овошни насади, но и сандаци со пчели  веќа петта година по ред ги уништуваат 400 грла добиток.

Пуштени се од сопствениците самите да пасат низ штипските села Љуботен, Долани, Чифлик, Балталија и месноста Струмина чешма.

Блажо Цветановски  од штипското село Љуботен вели кравите му ја уништуваат единствената шанса за преживување.

Жителите на овие села се револтирани што некој им гази по маката, а добитокот освен што им ги уништува посевите, влегува во  црквите, гробиштата, дворовите и шталите полни со сено.

Веќе петта година тропаат по вратите на институциите и очајно бараат да ги заштитат од сопствениците на добитокот, што во зимските месеци до мај слободно шета и им ги уништува посевите.

Повеќепати пријавувале во полиција, министерството за земјоделство, шумарство и водостпанство, ресорните инспекции, но и понатаму трпат анархија.

Штипскиот градоначалник веќе имал заеднички состанок со сите институции.

Жителите на четирите штипски села сепак не веруваат дека институциите ќе  ги заштитат, ниту пак ќе ги казнат сопствениците на добитокот се додека не видат конкретна акција на терен.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе