Пластични шишиња, градежен материјал и други отпадоци можат да се видат во коритото на реката Пена во Тетово.
Состојбата е најалармантна во долниот тек од течението, односно во населбата Деребој.
Активистите велат тоа ја отсликува негрижата на граѓаните, но и на институциите кон природата. Штетите се големи.
Се загадува водата со која се наводнуваат земјоделските површини, вели претседателката на Движењето „Мајки и деца“, Нарта Каса Исени.
Тетовчани се сеќаваат и на поплавата која се случи пред неколку години, кога се излеа реката Пена носејќи со себе купишта отпад.
Од Општина Тетово велат дека имаат склучено договор со градежна фирма и со подобрувањето на временските услови ќе започнат со чистење на реката Пена.
Инспекторатот досега нема констатирано неправилности во однос на испуштање на отпадни води, но, нема казни и за несовесни граѓани.
„Најголем проблем претставува делот од коритото на река Пена кај ромското маало во нас. Деребој каде често се вршат контроли од наша страна, но лицата кои се затекнати како исфлаат отпад немаат документи за легитимација и не можеме да ги санционираме. За истото е информиран и давателот на услуга ЈКП – Тетово, со цел таму да постави корпи за собирање на смет“ – реагираат од Општина Тетово.
Инаку горниот тек на реката Пена припаѓа во прва категорија, но на излезот од градот поради нејзиното загадување е веќе во трета или четврта категорија.
Данијела Билбилоска
