Вести Македонија

Нелојалната конкуренција – проблем за лиценцираните такси компании од Тетово

Нелојалната конкуренција дополнителен проблем за лиценцираните такси компании од Тетово.

Веќе забележуваат намалување на прометот по поскапувањата на цените на горивата, што полесно би го надминале, доколку во градот нема толкав голем број диви таксисти, вели претседателот на Здружението на тетовските такси превозници, Зоре Томовски.

Бараат Општината да преземе мерки, во спротивно ќе бидат принудени да стават клуч на врата.

Од Општина Тетово, пак, даваат рок на лицата кои вршат јавен превоз без лиценци со апел истите да ги набават и да почнат да работат согласно законот, по што ќе казнуваат.

„Како знак на добра волја, ќе им се остави простор на нелиценцираните такси компании да ги набават лиценците и нема да се казнува. Но, веќе од следните месеци, општинските служби во соработка со полицијата ќе започнат акција за соодветно санкционирање на сите превозници кои нема да работат согласно прописите и законот“ – велат од општина Тетово.

По средба со тетовскиот градоначалник на таксистите им било ветено и покачување на цените на услугите, односно 20 денари старт и 70 денари на километар, што треба да биде усвоено од страна на Советот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе