Попладнево на раскрсницата кај Веро Џамбо во Скопје се случи сообраќајна незгода на две патнички возила.
Во несреќата според очевидци кои испратија фотографии до редакцијата на Телма, велат дека има и повредени лица.
На лице место увид вршат екипи на МВР, а присутно е и амбулантно возило на Итната медицинска помош.
Поради несреќата, има застој во сообраќајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
