Вести Македонија

Опожарениот објект на модуларната болница се уште стои – одговорност за пожарот нема

Сè уште нема одговорност и по шест месеца од пожарот во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 лица. Од Јавното обвинителство велат дека анализата на доказите е во тек и во предметот во континуитет се преземаат дејствија во рамките на предистражна постапка со цел да се утврдат сите факти и околности.

Сите извештаи се анализираат во корелација со останатите прибавени докази, како и со вербалните искази на сослушаните сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот. Анализата на сите прибрани докази е во тек. ​Јавните обвинители, по целосно утврдување на фактите во предметот, ќе донесат одлука за која јавноста веднаш ќе биде известена, соопштија од ЈОРМ

Претходно беше објавено дека вештачењето на МВР утврдило дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Биле извршени уште две вештачења – од Технолошкиот факултет и од електроинжинер, додека извештајот на германските експерти, во поглед на директните причини за настанување на пожарот, не се разликува многу од она што го утврдија стручните лица од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

Граѓаните велат дека јавноста треба да знае кој е одговорен за трагедијата.

Пожарот во модуларната болница избувна вечерта на 8 септември 2021 година, околу 21 часот и за само неколку минути го проголта целиот објект.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе