Од МВР официјално потврдија дека се уапсени две лица осомничени за грабежот на експозитурата на Уни банка во скопскиот трговски центар Беверли Хилс.
Грабежот е пријавен денеска во 12:35 часот кога маскирани и вооружени разбојници им се заканиле на банкарските службеници со оружје и зеле пари од експозитурата.
Еден од разбојниците со пиштол испукал еден куршум. Во грабежот нема повредени.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
