Вести Македонија

Агнеса Руси Поповска-амбасадор во Софија, Османи го враќа и Буџаку во дипломатијата со место во Канада, Фрчкоски во ООН

По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот ФБ профил информира дека се утврдени следните предлози за амбасадори:

  • Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија
  • Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и
  • Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.

-Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24, објави Османи.

Америка е за итна интеграција на Западен Балкан поради дестабилизирачкото влијание на Русија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе