По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот ФБ профил информира дека се утврдени следните предлози за амбасадори:
- Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија
- Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и
- Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.
-Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24, објави Османи.
Америка е за итна интеграција на Западен Балкан поради дестабилизирачкото влијание на Русија
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
