Вести Македонија

Врачен устен демарш на рускиот амбасадор за заканувачкото предупредување на твитер

Македонското МНР попладнево му врачило устен демарш на  рускиот амбасадор во земјава, информираат од МНР за Телма. Вербалната протестна нота на амбасадорот му е врачена поради објавеното предупредување на руската амбасадата во текот на викендот на  твитер, дека внимателно се следат и регистрираат сите активности во земјава кои, според руската амбасадата, се “русофобични” и во чија позадина е руската инвазија на Украина која тие во твитот ја нарекуваат “специјална воена операција”.

МНР предупредувањето на руската амбасада го оценија како непримерно, заканувачко и надвор од нормалната дипломатска комуникација.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе