Вести Македонија

Шеќеринска: Путин сака да ја врати Русија во царско време, војната ќе трае долго, а кризата уште подолго

Путин се обидува да ја врати Русија во времето на царска Русија кога се освојувале теротории за потоа да се заштитат, вели поранешната министерка за одбрана Шеќеринска во вечерашното гостување на Вин Вин. Кај диктататорите ниту едно освојување не  е последно, смета таа.

Историски објаснувајќи, Шеќеринска потсетува дека со распадот на СССР, во светот се продуцираа две нуклеарни сили – Русија и Украина, и да немало тогаш билатерална активност, во која се вмеша и САД, Украина ќе беше трета нуклеарна сила во светот.

Според американските разузнавачи, на Америка тогаш во 1994-та и беше подобро да се комуницира со една нуклеарна сила во светот, отколку со две. И затоа Украина за да ја добие независноста се откажува од 4000 боеви глави кои ги предава на Русија делумно за уништувње, и така Украина ја губи нуклеарната закана која сега Русија силно ја користи.

Така со потпишување на договорот во Будимпешта дадени се гаранциите неповредливоста на границите на Украина. Ова е враќање на времето назад повторува Шеќеринска, а водењето војна со Русија навистина може да премине во нуклеарна војна. Војната ќе трае долго, а кризата уште подолго проценува Шеќеринска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе