Вести Македонија

Собранието го разреши Фадил Зендели од функцијата член на Комисијата за избори и именувања

По тридневна расправа Собранието го разреши Фадил Зендели од функцијата член на Комисијата за избори и именувања. Пратениците од опозицијата не беа  присутни во салата кога се гласаше. Владејачкото мнозинство сепак обезбеди 61 глас. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски ја обвини власта за злоупотреба на деловничките процедури.

Работата на Комисијата беше блокирана неколку месеци поради што не можеа да се изберат нови уставни судии како и членови на Агенцијата за медиуми и на Советот на МРТВ.Заминувањето на Беса во опозиција и доаѓањето на Алтернатива на власт ги ,,измеша,, лончињата. Власта изгуби мнозинство во 7 од 22 комисии, вклучувајќи ја и Комисијата за избори и именувања додека опозицијата го изгубија претседателското место во труд и социјлана политика каде претседател е од Алетрнатива.

 

Јулијана Пешевска Лефковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе