Мнозинството пратеници ја поддржуваат декларацијата за Украина, предложена од пратениците од ЛДП. Само тројца се против, двајцата пратеници од Левица и пратеникот од Демократска партија на Србите.
Пратеничката Сиљановска од ВМРО ДПМНЕ, која зборуваше од лично име, даде поддршка, но имаше и забелешки за текстот.
Пратениците од мнозинството се задоволни од постигнатата согласност со ВМРО ДПМНЕ за декларацијата .
Пратеникот Иван Стоиљковиќ е против декларацијата. Ја нарече лицемерие на политичарите, со навивачки аргументи. Смета дека во ситуацијава треба да се биде смирен, воздржан и внимателен, затоа што, како што рече, некои работи никогаш не се забораваат.
Декларацијата е предлог на ЛДП, а претрпе мали измени од првичната верзија. Наместо „Декларација на Собранието за осуда на политиките што го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“ сега е преименувана во „Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.
Далиборка Демјанска Цветановска
