Вести Македонија

Дарко Каевски е назначен за нов портпарол на СДСМ

Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на партијата, откако претходниот, Костадин Костадинов, беше избран за градоначалник на Струмица.

– Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии.

Пратеник е во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор.  Во периодот 2018-2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ, соопшти СДСМ за биографијата на Каевски.

Партијата наведува дека нејзините портпароли – Дарко Каевски и Богданка Кузеска,  им стојат на располагање на новинарите и јавноста за прашања од каков било интерес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данокот на имот во Скопје ќе се пресметува според реалната пазарна вредност на недвижностите

Дејан Дејан

Јошески: АХВ сеуште не е известена од Центарот за јавно здравје Тетово за водата во Лешок

Дејан Дејан

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе