По тридневна расправа Собранието го разреши Фадил Зендели од функцијата член на Комисијата за избори и именувања. Пратениците од опозицијата не беа присутни во салата кога се гласаше. Владејачкото мнозинство сепак обезбеди 61 глас. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски ја обвини власта за злоупотреба на деловничките процедури.
Работата на Комисијата беше блокирана неколку месеци поради што не можеа да се изберат нови уставни судии како и членови на Агенцијата за медиуми и на Советот на МРТВ.Заминувањето на Беса во опозиција и доаѓањето на Алтернатива на власт ги ,,измеша,, лончињата. Власта изгуби мнозинство во 7 од 22 комисии, вклучувајќи ја и Комисијата за избори и именувања додека опозицијата го изгубија претседателското место во труд и социјлана политика каде претседател е од Алетрнатива.
Јулијана Пешевска Лефковска
