Вести Македонија

ЕУ за брзо почнување пристапни преговори со Украина, но тоа нема да влијае на евроинтеграцијата на Македонија

Европската унија е обединета во силната поддршка на сувереноста на Украина и на украинскиот народ. Според евро-амбасадорот Дејвид Гир, местото на Украина е во европското семејство.

  • Украина и Европската унија никогаш не биле поблиски. Украинските граѓани, кои храбро се борат за европските вредности, заслужуваат да бидат во ЕУ. Сега треба што е можно поскоро да се отворат пристапни преговори а паралелно да продолжат реформите. Ова е одлука што треба да ја донесат европските лидери, вели Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во РСМ

Според францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, приоритет за ЕУ и за Франција како претседавач е поддршка на Украина како жртва и изолирање на Русија како агресор, а не членството на оваа земја во ЕУ. Двајцата амбасадори уверуваат дека сосема е различен случајот на Македонија и дека Украинското барање нема да го забави нашиот интегративен процес. Амбасадорите советуваат продолжување на реформите и давање шанса на дијалогот.

  • По прашањето на европската интеграција, приоритетот не е во Украина туку во овој регион, уште повеќе во оваа земја и во Албанија. Почнат е процес што ветува и треба да му дадеме шанса да се оствари во најдобри можни услови. Европските институции и француското претседателство внимателно го следат и ќе ја преземат секоја корисна активност за да се стигне до заедничката цел: што побрзо отварање на преговорите за членство во ЕУ, вели Сибил Баумгартнер, амбасадор на Франција во РСМ

Амбасадорите Гир и Баумгартнер посочија дека ЕУ има стратешки интерес да ја види Македонија како членка на ЕУ, но продолжувањето на реформите е услов, додека новиот геополитички контекст ја зајакнува важноста од стабилизирање на регионот.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе