Шефот на државата Стево Пендаровски со указ го назначи професорот, Љубомир Фрчкоски, за амбасадор на Македонија во Ораганизацијата на обединетите нации во Њујорк.
На неговотo именување се противеше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокирајќи ја работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде Фрчковски требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.
Во образложението од Кабинетот на Пендаровски пишува дека указот е потпишан бидејќи сите законски услови биле исполнети.
Индикативно е велат, што изминатите 10 месеци на 8 кандидати за амбасадори им било овозможено да ги презентираат своите тези пред комисијата, а за Фрчковски таква седница воопшто не била закажана.
Со остра реакција се јави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали, обвинија од партијата по а одлуката на престедателот Пендаросвки да го именува професорот за амбасадор на Македонија во Ораганизацијата на обединетите нации во Њујорк. Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во која се потенцира дека со ваквиот потег Пендаровски ги потценува САД и го нарушува угледот на Македонија.
