Вести Македонија

Влада: Се преземаат сите мерки за зачувување на стандардот на граѓаните

Има доволно количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, порачаа денеска од Владата.  Истакнуваат дека со државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните.

Моментно нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви.

Истовремено апелираат трговците да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи, бидејќи, потенцираат, од оваа одлука нема никој да загуби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе