Вести Свет

Фон дер Лајен: ЕУ сака Украина да стане членка

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен синоќа изрази недвосмислена поддршка за Украина да стане членка на Европската унија, нарекувајќи ја земјата која сега е нападната од Русија „една од нас“.

Фон дер Лајен го изјави ова во интервју за Еуроњуз неколку часа откако блокот од 27 нации одлучи да испорача оружје на земјата за време на војната за прв пат во нејзината историја.

„Навистина, со текот на времето тие ни припаѓаат нам. Тие се едни од нас и сакаме да влезат во блокот“, изјави Фон дер Лејен за Еуроњуз.

Украина, демократија од 44 милиони луѓе, освои независност од Москва во 1991 година со распадот на Советскиот Сојуз и се обиде да се приклучи на западната воена алијанса на НАТО и ЕУ, на која Русија жестоко се противи.

Помалку од четири дена откако започна, руската инвазија на Украина предизвика невиден политички, стратешки и економски заеднички одговор од Западот во нејзиниот опсег и координација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повторно ќе му се суди на таткото на убиеното девојче Вања – Апелацискиот суд ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски

Дејан Дејан

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе