Вести Свет

Путин испраќа 400 платеници во Киев за да го убијат Зеленски, пишува Тајмс

Британски Тајмс објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од околу 400 платеници од т.н. Групата Вагнер да го убие украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Групата Вагнер е приватна милиција која, според Тајмс, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина.

Станува збор за група високо обучени платеници контролирани од Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател кој често го нарекуваат „готвачот на Путин“. Тие наводно пристигнале пред пет недели и им биле понудени огромни суми пари за атентатот на Зеленски.

Би-Би-Си минатата година пишуваше за тајните акции на руските платеници во Сирија.

Сакаат да ги убијат и браќата Кличко?

Тајмс вели дека зеленото светло на Москва сè уште се чека за мисијата. Заедно со Зеленски, на списокот на лица што треба да бидат убиени се и украинскиот премиер, целата влада, градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир. Според Тајмс, високи претставници на украинската влада биле информирани за нивните планови во саботата наутро.

Затоа, според Тајмс, во Киев е прогласен „тврд“ полициски час кој траеше 36 часа. На граѓаните им било кажано да останат во своите куќи за да може војската да ги „чешла“ улиците на Киев во потрага по руски диверзанти. Граѓаните на Киев се предупредени да ризикуваат „ликвидација“ доколку бидат фатени на улица за време на полициски час, бидејќи украинската војска би можела да претпостави дека се саботери.

400 платеници од Белорусија тргнале кон Киев?

Извор запознаен со активностите на Вагнер групата изјави за Тајмс дека во Украина во јануари пристигнале меѓу 2.000 и 4.000 платеници, но со различни задачи. Некои од нив беа испратени во сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина, а 400 од нив, кои добија наредба да го убијат Зеленски, од Белорусија се упатија кон Киев.

Платениците, наводно, ги следат Зеленски и неговите колеги преку нивните мобилни телефони и тврдат дека знаат каде се во секој момент. Друг извор за Тајмс изјави дека мисијата за убиство на Зеленски засега е паузирана, барем додека Русија разговара со Украина.

Сепак, на платениците наводно им било кажано дека Путин нема намера да постигне мировен договор, а преговорите на белоруската граница ги искористил како стратешка измама.

Зеленски во неколку наврати изјави дека е „мета број еден“, додавајќи дека руските специјални сили го бараат.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експертско предупредување за креми за изгореници кои се продаваат на интернет- кочанската болница има услови за третман на повредените во пожарот, но нема кадар и материјали

Дејан Дејан

Тумановски: Секоја брза правда носи и голем број на недостатоци

Дејан Дејан

Промовирана првата директна авиолинија на Туркиш Ерлајнс, Истанбул – Охрид 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе