Кусо на слобода и одново во куќен притвор по новата година. Обвинителката Лиле Стефанова побара, а судот се согласи и ја одбори мерката на денешното изрекување пресуда по признавањето на вина во предметот „Титаник“ за изборни злоупотреби. Освен притвор, ексминситерот за транспорт и врски доби и 4,5 години затвор од судечкиот совет.
Обвинетата Гордана Јанкуловска нови 2,5 години затвор во овој предмет, Коста Митровски 3, а Мунир Пепиќ една година затвор. Нивниот сопартиец и владин функционер Мартин Протуѓер исто призна вина, но доби условна казна, исто како и Билјана Бришковска, Катерина Веловска, Киро Тодоровски. Сепак, виновни се дека се здружиле околу тогашнито премиер Никола Груевски и вршеле притисоци, наменувале партиски средства за гласови, а во јавноста овој предмет е познат по издавањето на лични карти на гласачи од Пустец.
Јанакиевски има првостепни затворски казни и во уште неколку судски процеси обвинет и може да избега додека Гордана Јанкулоска веќе се наоѓа во затворот во Идризово каде што ја издржува затворската казна за случајот „Тенк“, објасни обвинителката Стефанова.
И Мунир Пепиќ, кој доби едногодишна затворска казна, се наоѓа во затворот во Штип каде што издржува казна за настаните од Собранието на 27 април 2017 година.
За Митровски, кој е четвртиот кој денеска доби затворска казна, пак, Обвинителството не побара мерка за обезбедување.
Во „Титаник“ по речиси четири години судења се случи пресврт кога на минатото рочиште на 11 февруари се случија признанијата на вина на осуммина обвинети. Сепак, Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер, признаа вина за повеќето дела, освен за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања – дело за кое ќе продолжи да им се суди заедно со Илија Димовски, Кирил Божиновски и уште други единаесетмина обвинети во најобемниот процес на СЈО со докази, сведоци и број на обвинети.
Павле Беловски
