Вести Македонија Најважни

Членовите на македонската амбасада во Киев преспале во скривница, почна нивната евакуација

Стотици илјади луѓе се по патиштата низ Украина и бегаат од воените дејства кои почнаа пред три дена со руската инвазија врз соседот.

Меѓу оние кои што се евакуираат се и 40-тина македоснки државјани. Амбасадорот Крум Ефремов и трочлениот персонал на амбасадата две ноќи поминале во скривница, но во 11:30 часот по македонско време, започнала нивна евакуација по безбеден коридор кон Молдавија.

Министерот Османи рече дека и од скривница се обидувале да помогнат со издавање на патни листови на македонски државјани заглавени во Украина, а ја прочита и последната порака од амбасадорот Ефремов упатена од скривница.

-Ќе ви ја препрочитам и пораката. (Амбасадорот Ефремов) ми ја испрати рано, во 7 наутро. „Добро утро министре. Во Киев е пеколно. Се водат и улични битки.Ние сме на сигурно, во скривница, под амбасадата. Со обезбедување од Национална гарда на Украина. Во скривницата моравме да преноќиме на столчиња бидејќи цела вечер се пука од сите оружја. Ракетиран е помалиот аеродром кој е на 8 километри од амбасадата“. После се координиравем со нашите партнери и успеавме да ги извлечеме околу 11:30 по безбеден коридор кон Молдавија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Започна и евакуација на 30 македонски набљудувачи од мисијата на ОБСЕ во Украина, а со нив е и едно македонско семејство.

Патот на евакуацијата не се открива од безбедносни причини, а Македонија ќе ги прифати и сопружниците и семејствата на македонските државјани.

-Едно семејство случајно е придружено со дел од мониторинг мисијата на ОБСЕ која се упатува кон Молдавија, со други граѓани сме во комуникација за да најдеме начин како да ги извлечеме, вклучувајќи ги и семејствата на нашите државјани кои се украински државјани. Има наши државјани кои се мажени или женети со граѓани од Украина, помина одлука на Влада со која и на нивните семејства ќе им обезбедиме засолниште во земјава, но треба прво да се обебезди безбедносен коридор за евакуација, рече Османи.

Македонија ќе учествува и во координацијата за прифат на украински бегалци, а преку истиот механизам ќе упати помош за Украина кои веќе ја побарале.

-Побараа крвни единици и медицинска помош, но и други работи. Се слушнав со министерот за здравство и со директорот на Трансфузиологија и бев известен дека крвни единици има доволно. Ќе ја координираме таа помош за да ја испратиме преку механизмите за цивилна помош и заштита на ЕУ и НАТО, истакна министерот Османи.

Нападот врз Украина во саботата наутро, а досега преку Црвениот крст беше упатена помош од 10 илјади евра и беа отворени сметки за донација за помош на украинското население.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе