Вести Македонија Топ вести

Битолчани на протест бараат да се ослободи дедото што го уби во одбрана зетот – меѓу нив беа и синовите на убиениот Стојанче Соколов

Стотици битолчани излегоа на протест барајќи правда и слобода за Тони Ѓорѓиевски – Фердо кој завчера во одбрана на своето семејство го уби зетот од ќерка. Меѓу граѓаните кои денеска протестираа беа и двајцата синови на убиениот Стојанче Соколов.

Тони Ѓорѓиевски од вчера е во притвор откако Основното јавно обвинителство го сомничи за убиство со умисла оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да влијае врз сведоците. Во моментот на убиството во домот на Ѓорѓиевски биле шест лица, кои биле потенцијална мета на зетот кој се заканувал со мачета.

Битолчани денеска се собраа пред Основниот суд на мирен протест и порачаа дека станува збор за самоодбрана за што постои видео од чинот на убиството. Домот на Ѓорѓиевски бил целосно под видеонадзор.

„Убиството се случи во самоодбрана, дојде со намера да нѐ отепа. Проблемот го имавме повеќе од 20 години. Пријавуваме и во полиција и во Социјалното. Беше консуматор на дрога, пиеше. Ги малтретираше и тепаше дома, имаше закани кон мене, кон сестра ми, кон внуците. Полицијата знаеше за криминалите и за убиството што тој го направи. Пред да се случи ова сестра ми имаше закани и од својот дом буквално со трчање дојдоа кај нас. Сестра ми кажа – овој пат е решен!  Немаше друго решение јас бев буквално до татко ми, кога ја скрши вратата видов зомби, не човек, нѐ нападна со ножот, пукна татко ми со пиштолот, падна на земја и толку“, вели Јове Ѓорѓиевски, син на Тони Ѓорѓиевски.

Прочитајте повеќе: Видео од инцидентот во кој е избоден еден, а прегазени двајца полицајци во Ресен.

Ѓорѓиевски вели дека неговиот татко е 62-годишен човек и нема намера да бега од државата.

„Ако сакавме да направиме бегство немаше јас лично да повикам полиција и брза помош, оти никој не сакаше да умре, ама немавме друго решение освен да пука. Ако не пукаше татко ми, сега ќе имаше многу жртви, убиениот беше подготвен и децата да си ги отепа“, рече тој.

Убиството се случи во понеделникот рано утрото. Според обвинителството сега починатиот, вооружен со мачета, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па Стојанче паднал и починал на лице место.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Дејан Дејан

Платформата за ХИВ апелира да се врати минимален буџет од 130 милиони денари за заштита на населението од оваа инфекција

Дејан Дејан

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе