Вести Економија

Двете свлечишта на патот Штип-Миладиновци повеќе од два месеца чекаат на санација

Двете свлечишта на најновиот автопат Штип-Миладиновци, кои се најголемите препреки за возачите засега  ќе се санираат делумно, од страна на ЈП Македонија пат. Но, според проценките на експертите од Градежниот факултет за овие свлечишта ќе треба поголема механизација, за да не дојде до уште поголемо свлечување на камења и земја на патот.

Додека се чека на санирањето на свлечиштата, за кои има бројни реакции од страна на граѓаните на овој автопат интензивно се градат двете патарини кај Кадрифаково и Преод. Се очекува да се пуштат кон крајот на март, а граѓаните наплатата ќе ја вршат електронски. Жителите од истокот и југоистокот на автопат од 46 километри ќе плаќаат патарини на три локации, а само во еден правец патувањето до Скопје ќе ги чини 160 денари. Првиот човек на ЈП за државни патишта најави дека се прават анализи за дали ќе има намалување на цената на патарините во земјава.

Во источниот регион останува уште доизградбата на експресниот пат Крупиште Кочани, на којшто интензивно се работи од страна на кинсеката компанија Синохидро.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доцнат субвенциите за тутунот

Igor Trajkov

 СДСМ со нова идеолошка платформа ќе врши притисок врз власта

Igor Trajkov

КОД – Посебни истражни мерки за борба против криминалот за кои граѓаните не ја знаат цената

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе