Вести Македонија Топ вести

КОД: Правни дупки за криминални кражби на 4 тони легално набран медицински канабис

Десетина дена откако беа откриени стотици килограми непријавена марихуана произведена во легална фарма за медицински канабис, се уште нема никаков податок за истрагата. КОД во своето истражување открива дека досега пoлицијата открила речиси 4 тона марихуана од овие легални канабис фабрики, а има истраги што се прекинати или судења што се одлагаат.

Иако Македонија е сончева земја, сепак причината зошто станува Елдорадо канабис дестинација не е сонцето и плодната почва- туку законите. Во 2016-та Македонија легализира производство на канабис за медицински потреби додека во цела Европска Унија –таков закон имаше само во Холандија. Но времињата се сменија, одгледување на канабис се легализираше во уште десетина земји во Европа. Ама во Македонија имаше проблем, не се носат подзаконски акти за дорегулација на производството. И во таа правна дупка,се наоѓа место за злоупотреба со шверц.

Подзаконските акти треба да ги напише Министерството за здравство, а министерот формира комисија од 5 члена која се грижи за издавање на дозволи и контрола на фирмите кои се занимаваат со медицински канабис. Законот е донесен пред точно 6 години, а иако подзаконските акти требало да се подготват за 30 дена, се уште ги нема. Отогаш се сменија 4-ца министри. Првиот подзаконски акт односно упатство за уништување на отпад од канабис е изготвен во ноември лани. И самиот тој документ има спорни работи, не е потпишан од никој и е противен на законот за управување со отпад кој е во ресорот животна средина. Дури овозможува голема дупка- односно смислува оригинален начин како фирмите кои одгледуваат канабис да се решат од отпадот со мал и низок процент на ТХЦ.

-Овој отпад се уништува со затрупување во рамки на објектот или со одлагање во комунално претпријатие во локална депонија како биолошки отпад со затрупување.

И за овој процес треба да се грижи фирмата која сама си формира своја комисија и потоа со фотографии треба да докаже дека го закопала отпадот.Но според законот за управување со отпад, отпад од канабис е медицински отпад кој треба да се уништи во депонија во печка за горење каква има само Дрисла. Управата за животна средина со потпис на новиот директор Хисен Џемаили дозволила вакво упатство односно подзаконски акт да биде со поголемо значење од Законот за управување со отпад. Освен тоа, се остава огромна дупка- па фирмите како отпад да пријавуваат сув цвет кој може да се користи при трговија со дрога. Така наместо да пријави 100 килограми отпад колку што има, некоја фирма може да пријави 150 килограми, а 50-те вишок од кои може да се прават џоинти да си ги тргне и продаде на нарко-пазарот. Бидејќи кога ќе се закопа отпадот тој скапува и не може никој да докаже дали имало 100 или двесте кила.

Во Код вечерва и реконструкција за падот на електричната мрежа во Скопје и дел од Македонија, како се покажала заштитата на мрежата и дали испаѓањето и горењето на далноводи можело да предизвика посериозен проблем.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе