Вести Македонија

Ревизорите утврдија неправилности во работата на Здравствениот дом во Битола во 2020-та година

Осум доктори специјализанти, кои во 2020 година беа вратени од  Скопје во Здравствениот дом во Битола за да помогнат во време на пандемијата со ковид-19,  добија надомест за одвоен живот и покрај тоа што им беше прекинат специјалистичкиот стаж.

Незаконски им беа исплатени вкупно  600 илјади денари, пари кои докторите ќе треба да ги вратат. Ова е една од неправилностите што ја утврдија ревизорите од  Државниот завод за ревизија во битолскиот здравствен дом

„Во текот на ревизијата од страна на Управниот одбор донесена е одлука со која ќе се обезбеди враќање на  неправилно исплатениот надомест од страна на специјализантите, пишува во извештајот на ДЗР.

Државните ревизори констатираа   дека во Здравствениот дом во Битола за  здравствени услуги во висина од 200 илјади денари во 2020 година не се издадени фискални сметки.

Потоа, при склучување договори за закуп со Приватните здравствени установи, нема целосна евиденција за опремата која се дава на користење,  ниту методологија за утврдување на режиските трошоци.

Констатирани се и неправилности во дел од јавните набаваки, а пропусти има и во евиденцијата на маслото за затоплување.

Нема сметководствена евиденција и не е извршен попис за набавка на масло за греење во износ од 1.6 илјади денари, не се утврдуваат залихите на масло за греење, на цистерните не е вграден контролен уред кои прикажуваат состојбата на потрошени и неискористени количини“, се наведува во ревизорскиот извештај

За сите евидентирани пропусти во извештајот  на Државниот завод за ревизија има и препораки за нивно надминување.

Одговорните лица на Здравствениот дом во Битола,  имаа една забелешка на ревизорскиот извештај која се однесува на исплатата на средства на докторите специјализанти, но не е прифатена од ревизорите, затоа што не се доставени дополнителни документи кои ќе ја променат констатираната состојба, се наведува во извештајот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе