Македонија Топ вести

Возачот на владината „Октавија“ ја предизвикал сообраќајката кај Влада

Возачот на службената „шкода октавија“ и на министерот за финансии, Фатмир Бесими, ја предизвикал сообраќајната незгода вчера пред Владата бидејќи ќе ги почитувал сообраќајните прописи и минал на црвено светло, дознава Телма од извори во истрагата.

Засега ова не го потврдуваат ниту МВР ниту Обвинителството а во официјаланат информација не стои дека станува збор за службено возило ниту пак дека во автомобилот биле двајца министри, Крешник Бектеши и Фатмир Бесими кои самите уште вчера соопштија дека се неповредени.

Сообраќајната незгода се случи нешто по 19 часот на крстосницата пред Владата. Службената „октавија“ со  министрите Бесими и Бектеши, се движела по булеварот Свети Климент Охридски, кон Владината гаража, бидејќи двајцата министри требаше да присуствуваат на состанокот на економско социјалниот совет. Двете возила, џип „киа“ и авотмобил „фиат“ кои чекале зелен сигнал на семафорот и тргнале само што се вклучил  се движеле кон центарот на градот кога во нив се забила „шкодата“ на министерството за финансии.

Во незгодата, официјално се поврдени две лица, возачот на октавијата и уште едно лице кое било на свозачкото седиште. Кој е нивниот статус, односно дали е службениот возач на Бесими и член на неговиот кабинет или обезбедување нема информација.Тие биле префрлени во Клиничкиот центар Мајка Тереа со полесни повреди.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. За несреќата се известени дежурен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот: алкотестирање, обезбеден видео запис од безбедносните камери и изјави од сведоци, соопштија од МВР.

Од Обвинителството соопштија дека се прегледуваат видео записите од надзорните камери.

Засега против возачот не е поднесена кривична пријава а од министерството за финансии нема информација околу евентуално превземените мерки и санкции поради сообраќајката која тој ја предизвика

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе