Вести Македонија Топ вести

Кој ќе биде амбасадор во Софија, Османи не открива име туку само профил-искусен дипломат

Кандидат е избран, но се чека официјализирање со добивање агреман од претседателот Пендаровски. Медиумите веќе шпекулираа дека Агнеса Руси од Брисел може да се пресели во Софија.

Владата го прифати предлогот на МНР за амбасадор во Бугарија и го однесе на претседателот на државата, информира денеска по брифингот за новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Амбасадор во Софија ќе биде еден од најискусните дипломати во МНР и намерно така е одлучено искусен дипломат да се испрати во Софија во услови кога сакаме да ја вратиме довербата и да ги надминеме разликите. Меѓутоа, не можам да коментирам за името додека не се добие агреман, меѓутоа барањето за агреман што значи и одобрување од страна на претседателот е добиено и веќе е пратено во бугарското МНР, наведе Османи.

Дел од македонските медиуми во почетокот на неделава го споменаа името на Агнеса Руси за амбасадор во Софија, која е дипломатка од кариера а во моментов е шефица на македонската мисија при ЕУ во Брисел од 2018 година.

Северна Македонија е без амбасадор во соседна Бугарија од април 2020 година, додека вршител на должноста амбасадор ја извршуваше Владимир Крстевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе