Нов црн биланс од пандемијата Ковид-19.
Министерството за здравство соопшти дека , согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од последиците на заболувањето со коронавирусот починале 39 лица, од кои 31 лице во минатите 24 часа и уште 8 луѓе од системот Мој Термин со дата на смрт од 26-ти до 31-ви јануари.
Починатите се на возраст од 58 до 84 години, само 7 од нив биле целосно вакцинирани, додека според Министерството за здравство, кај сите 39 жртви имало коморбидитети.
Истовремено, регистрирани се 1 493 новозаразени со Ковид-19. Меѓу нив има 191 реинфекција и една втора реинфекција.
