Случајот со Амбла е доказ за институционална негрижа и општество кое тоне во закоравени стереотипи и предрасуди. И покрај тоа што проблемот е изворно од родителите и неоснованост на нивните стравови за нешто што е различно, должност е на директорот и на наставниот кадар да ја спроведе инклузивноста, велат од Хелсиншкиот комитет.
Мора некој да одговара за овие случувања, бидејќи директорот е оној кој ја има законската обврска според Законот за основно образование кое што треба да биде инклузивно. Значи дека треба да овозможи средина од секој аспект, од стручен кадар до самата инфраструктура, до прилагодување на наставата итн, вели Бојана Јовановска од Хелсиншкиот комитет.
Законот е јасен, но состојбата на терен е алармантна, доколку се има предвид дека во земјава немаме прецизни податоци колкав е бројот на лица со попреченост на кои им се потребни асистенти, смета Трошанска.
Се случува ситуација кога имаме една наставничка во прво одделение со мали деца кои што треба да ги внесе во процесот на образование и три или четири деца со попреченост и еден асистент кој многу често, бидејќи недостасува кадар едукатор, да биде и од друга професија, да нема никакво искуство. И сите тие по пат на обиди и грешки се обидуваат да водат некој процес на образование на децата, и на типичните, и на децата со попреченост. Сето тоа е многу комплицирано и многу тешко,вели социјалниот едукатор Јасмина Трочанска.
Важно е конечно да се има јасна слика за бројот на лицата со попреченост, да се изготват соодветни цели за нивното образование кои ќе ги следат наставникот и образовниот асистент во тој процес каде е најважно да се помогне детето тие цели да ги оствари, додава Трошанска.
Нина Стефанова
