Александар Ристовски пијан се вратил од гости заедно со својата невенчана сопруга Пале Иловска.
На 29 септември лани во куќата каде живееле започнал кавга нарекувајки ја со погрдни зборови.
Влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото. силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.
Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.
Без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг сега починатиот А.Р. со кого живеела во вонбрачна заедница, вели основното јавно обвинителство во Велес.
Во првиот случај Ристовски пијан возел пребрзо низ градот и со автомобил се качил на тротоар каде прегазил 6-мина малолетници.
Второто го сторил при оставинска постапка кога и се заканувал на сестрата на Пале дека ќе ја задави, ќе ја запали жива сосе куќата.
И за ова добил условна пресуда. Сега обвинителството ја гони жртвата на семејно насилство за Убиство во миг кое пропишува затворска казна од 1 до 5 години.
За познавачите таа треба да се гони за дело со кое може да биде ослободена од вина или пак да добие поблага казна.
Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство на миг“.Судот ќе треба да утврди под кои околности се случило убиството, но сметаме дека нужната одбрана не треба да се гледа само во времето кога се случил настанот, туку треба да се земе предвид дека Илоска била долгогодишна жртва на психичко и физичко насилство, со што кај неа се развил интензивен страв за нејзиниот живот, тврди хелсиншкиот комитет за човекови права.
Пале Иловска после настанот е во притвор а сега со поднесување на обвинение се бара негово продолжување.
Билјана Николовска
