Вести Ковид19 Македонија Најважни

Јавното објавување на лицата во изолација неетичко за дел од епидемиолозите

Неетичка, бескорисна и штетна. Вака дел од епидемиолозите ја оценија  одлуката на владата, решенијата за изолација на позитивните лица на Ковид-19 со лични податоци да се објавуваат на сајтот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Велат дека, објавувањето на резултати од испитувања на граѓани и пациенти јавно на веб сајт, е неприфатливо за која било болест, па и за оваа.

Новиот состав на Комисијата за заразни болести се иззема од оваа одлука, која владата ја донесе одлуката на барање на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Велат дека е одобрена од стариот состав. Според владината одлука, измената се воведува поради зголемениот број на граѓани за кои се определува мерката и намалениот број на денови за изолација, за да се  намали  и временската разлика од моментот кога е констатирана потребата, преку издавањето на решението до неговото објавување.

Директорката на Инспекторатот, Бухова вели дека, не се работи за здравствена состојба на граѓани, туку решенија се издаваат по разни основи. Некогаш тоа е поради позитивен тест на Ковид, а некогаш и превентивно.

Од моментот кога името, презимето и адресата на граѓанинот ќе биде објавено на страницата на Инспекторатот, ќе се смета дека  тој го примил своето решение за изолација.

Еднаш неделно, податоците групно ќе бидат објавувани и во Службен весник, со што ќе се смета дека се издадени. МВР,  на ист начин како и до сега, ќе ги добива овие списоци уште пред Инспекторатот да ги објави, така што контролата од страна на полицијата нема да биде променета.

Потврда за објавено решение за самоизолација може да биде издадена и за потребите на Основното јавно обвинителство или друг јавен орган со надлежност за увид во решенијата за изолација.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самиот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – напиша Мицкоски и објави слика со Макрон

Дејан Дејан

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе