Вести Ковид19 Македонија

Нови правила-“збришани” повеќе од 1/3 активни случаи на корона

Надлежните од МЗ и од ИЈЗ го зачистија списокот со бројот на активни случаи.

Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти. Тоа значи дека повеќе од третина вчерашни активни случаи се прогласени за оздравени.

Вчера имаше 20.109 активни случаи, а денеска бројот на пациенти заразени со корона изнесува 13.628. Повеќе од половината активни случаи односно над 7 илјади се во Скопје.

Денеска беа регистрирани нови 711 пациенти заразени со корона вирус.

Според ИЈЗ факторот на пренесување Р0, според последните проценки изнесува 1.00 односно еден заразен може да зарази уште еден пациент.

Намалувањето на бројките активни случаи следува откако среде масовниот омикрон бран, здравствените власти одлучија да ги променат роковите за изолација. Сега наместо десет дена, изолацијата на пациенти без симптоми трае 7 дена.

Ова намалување на бројот активни случаи е второ најголемо откако и минатата недела за едно деноноќие беа регистрирани над 7.200 оздравени пациенти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе